Еден од најпознатите холивудски актери Вал Килмер почина. Легендарниот актер Вал Килмер почина на 65-годишна возраст. Причината за смртта е пневмонија, соопшти неговата ќерка Мерцедес Килмер.
На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2014 година, од кој подоцна се опорави, додаде таа, според Њујорк Тајмс. Но, поради тоа, тој едвај зборуваше, и тоа само со помош на машина, а во почетокот ја чуваше својата болест во тајност и се повлече од очите на јавноста.

