Apple објави ажурирање на iOS 18.4, со што својот систем за вештачка интелигенција – Apple Intelligence – е достапен за повеќе корисници ширум светот, вклучително и во Европската унија. Дополнително, јазичната поддршка е проширена за да вклучи француски, германски, италијански, португалски, шпански, јапонски, корејски, поедноставен кинески и локализиран англиски јазик.
Функциите на Apple Intelligence се достапни на iPhone 15 Pro и 15 Pro Max, како и на целата серија на iPhone 16, како и на iPad и Mac кои користат чип M1 или понова верзија. За постарите уреди кои не поддржуваат iOS 18, Apple објави ажурирања на iOS и iPadOS 16.7.11 и 15.8.4.
Што друго носи iOS 18.4?
Со новото ажурирање, корисниците добиваат приоритетни известувања – важните пораки кои бараат брз одговор сега автоматски се прикажуваат на горниот дел од екранот. Има и Image Playground, алатка која сега го поддржува новиот стил на Sketch за лесно генерирање визуелна содржина.
Дополнително, функцијата Visual Intelligence, која овозможува напредно препознавање и обработка на слики, сега е достапна на iPhone 15 Pro и Pro Max.
Покрај iOS 18.4, Apple објави и нови надградби за други уреди: iPadOS 18.4, macOS 15.4, watchOS 11.4 и visionOS 2.4.
Apple Vision Pro сега ги добива функциите на Apple Intelligence за прв пат благодарение на ажурирањето visionOS 2.4. Корисниците имаат алатки за пишување, Genmoji, Smart Reply и Image Playground – но сите овие функции моментално се достапни само на американски англиски јазик.
Apple објави и специјална апликација за iOS, наменета за сопствениците на Vision Pro уредите. Апликацијата овозможува пристап до корисни совети, нова просторна содржина и можност за далечинско преземање апликации и друга содржина.
Што има ново на Apple Watch?
Ажурирањето на watchOS 11.4 носи нова опција која им овозможува на звуците и вибрациите да продолжат да работат дури и кога часовникот е поставен на тивок режим. Додадена е и поддршка за Matter, што ви овозможува да ги контролирате паметните домашни уреди директно од часовникот. Ажурирањето вклучува и голем број поправени грешки и подобрувања на стабилноста за посигурна употреба.