2 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Триглав за 2024-та година над очекувањата, поставени високи стратешки амбиции...

Резултатите на Триглав за 2024-та година над очекувањата, поставени високи стратешки амбиции до 2030-та година

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и матичното друштво за 2024-та година. Групација Триглав во 2024-та година ги надмина плановите и оствари деловен резултат пред оданочување од 159 милиони евра, додека нето добивката изнесуваше 131,4 милиони евра. До 2030-тагодина, Групација Триглав постави стратешка амбиција да ја удвои добивката, значително да го зголеми обемот на деловното работење и обемот на средствата со кои што управува. Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното собрание на акционери ќе предложат исплата на дивиденда во бруто износ од 2,80 евра по акција, односно вкупен износ од 63,7 милиони евраПредложената дивиденда им гарантира на акционерите дивиденден принос од 6 проценти.

Во 2024-та година, Групацијата Триглав оствари вкупен обем на деловно работење од 1,72 милијарди евра, што е над планираната вредност од околу 1,6 милијарди евра. Покрај добрите резултати, и во осигурителната дејност и во управувањето со средства, врз работењето позитивно влијаеја и поволните услови на финансиските пазари, релативно поволните штетни побарувања и еднократнитенастани, особено ефектите во сегментот Здравје. Деловниот резултат на Групацијата пред оданочување достигна 159 милиони евра, а нето добивката изнесуваше 131,4 милиони евра. Комбинираниот количник на сегментите неживотно и здравствено осигурување,изнесуваше поволни 93,6 проценти. Групацијата Триглав ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот на осигурување како во Словенија, така и во регионот Адриаи има висока кредитна оцена „А“ со подобрени, позитивни среднорочни изгледи. Групацијата е добро капитализирана, а детални информации за солвентноста и финансиската состојба на Групацијата и нејзиното матично друштво се достапни во извештаите на следниот линк.

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави:
„Во 2024-та година остваривме одлични резултати во сите сегменти на работењето и значително ги надминавме плановите, задржувајќи ја финансиската стабилност и капиталната постојаност. Со 2025-тагодина влегуваме во нов стратешки период до 2030-тагодина, за кој што поставивме високи амбиции.“

Во 2025-та година, Групацијата Триглав планира да оствари деловен резултат пред оданочување во износ од 130 до 150 милиони евра (нето деловен резултат помеѓу 100 и 120 милиони евра). Стратешката амбиција на Групацијата е до 2030-та година да го удвои деловниот резултат пред оданочување, односно да достигне износ помеѓу 250 и 300 милиони евра. Групацијата планира понатамошно зајакнување на обемот на своето работење, при што ќе внимава на диверзификација и од географски и од продуктно-услужен аспект, како и на зајакнување на своето присуство на пазарите надвор од Словенија. Групацијата ја зголемува својата видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација, што претставува и нејзина визија. Планирано евкупниот обем на работење во 2025-та година да надмине 1,8 милијарди евра, со амбиција до 2030-тагодина да достигне износ од 2,5 до 3 милијарди евра. Групацијата има за цел да ги зајакне средствата под управување, при што нејзината амбиција е тие да надминат 10 милијарди евра до 2030-та година.Групацијата ќе го надградува амбициозно планираниоторгански раст со можни преземања, доколку се појават соодветни услови за тоа.

ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Групацијата Триглав на македонскиот пазар ја сочинуваат компаниите Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав Пензиско друштво. Триглав Осигурување и Триглав Осигурување Живот, во 2024-та година го зголемија вкупниот обем на деловно работење за 15 проценти и достигнаа 38 милиони евра, додека вкупната бруто полисирана премија изнесуваше 35,9 милиони евра (31,3 милиони евра претходната година). Со пазарен удел од 13,8 проценти, Групацијата го задржа третото место на пазарот, на кој што моментално работат 17 осигурителни друштва и премијата во 2024-та година е зголемена за 11,3 проценти.

Триглав Осигурување Скопје во 2024-та година оствари раст на премија во доменот на неживотни осигурувања од скоро 10%, споредено со претходната година. Компанијатаја заврши 2024-та година со пазарен удел од 12,4проценти, задржувајќи го трендот од 2023-та година. „Триглав Осигурување континуирано ја добива највисоката оцена за углед на македонскиот пазар на осигурување и претставува прв избор на клиентите кога станува збор за осигурување. Посветени сме на искористување на моќта на технологијата, за да им обезбедиме на нашите клиенти одлично корисничко искуство. Во 2024-та година воведовме можност за онлајн пријава на осигурени случаи по доброволното приватно здравствено осигурување, што им користи и на клиентите, кои можат брзо и безбедно да поднесат барање за поврат на трошоци од далечина, и на нас, бидејќи решението значително ги оптимизира процесите на управување со побарувања и обезбедува транспарентност на процесот на пријава,“ изјави Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот Скопје го зголеми својот удел на пазарот на животно осигурување на 20,5проценти, со висок раст на премијата за осигурување (индекс 131). „Горди сме што со нашето работење придонесуваме кон развојот на целиот осигурителен пазар. Веруваме дека преку иновации, стабилност, одговорност и посветеност на клиентите ја зајакнуваме нивнота доверба во осигурувањето. Во 2024-та година, воведовме дигитални услуги, кои што им овозможуваат на надворешните продажни канали, како што се банките, во реално време да издаваат понуди за животно осигурување на своите клиенти. Со директно поврзување на нивните деловни системи со нашиот, тие можат да пристапат до соодветни понуди без потреба од повторно внесување на податоци преку нашиот продажен портал. Ова значително ја намалува можноста за грешки и го поедноставува процесот на издавање понуди, обезбедувајќи поголема точност и ефикасност,“ изјави Христина Џамбазовска Анастасов,генерална директорка на Триглав Осигурување Живот Скопје.

И Триглав Пензиско друштво оствари добри резултати, управувајќи со средства од речиси 209 милиони евра на крајот од 2024-та година (индекс 141 во однос на 2023-та година). „Во 2024-та година, сите наши развојни активности беа насочени кон полесен дигитален пристап и подобро корисничко искуство. Успеавме да ги унапредиме и надградиме постојните дигитални решенија, како и да развиеме, тестираме и лансираме нова мобилна апликација за увид во пензиските сметки. И во 2025-та година, остануваме посветени на нашите деловни цели, преку совесно, ефикасно и транспарентно работење, со кое овозможуваме подобри услови и поголема сигурност за нашите осигуреници и вработени,“ изјави г. Тихомир Петрески, претседател на Управниот одбор на Триглав Пензиско друштво.

„ПАРТНЕРИ ЗА ПОБЕЗБЕДНА ИДНИНА“ – ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2024-ТА ГОДИНА 

Во време на променливи и сѐ повеќе меѓусебно поврзани ризици, Групацијата Триглав се развива како сигурен партнер, кој се грижи за побезбедна иднина на сите свои клиенти. Групацијата им нуди на клиентите современи осигурително-финансиски услуги низ сите фази од нивниот живот, притоа обезбедувајќи поддршка преку навремено едуцирање, информирање и персонализирано финансиско советување. Групацијата Триглав ги поттикнува клиентите да носат информирани одлукипреку дигитални решенија, како новата функционалност во дигиталната алатка i.triglav, која што во Словенија им овозможува на корисниците веднаш да го проверат нивото на изложеност на својот дом на природни катастрофи, како и новата мобилна апликација Triglav Skladi, со која што клиентите во Словенија можат да го тестираат начинот на поставување на лични финансиски цели пред да донесат одлука за инвестирање.

Во ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и матичното друштво за 2024-та година се наведени овие, како и други активности. Клучнитесодржини се групирани под насловот „Партнери за побезбедна иднина“. Интегрираниот годишен извештај, за првпат, ги открива одржливите аспекти на работењето, во согласност со барањата на Европските стандарди за известување за одржливост (ESRS) и ЕУ Уредбата за Таксономија, надоврзувајќи се на веќе 15-годишната посветеност на Групацијата Триглав кон транспарентно претставување на одржливите аспекти од своето работење.Групацијата Триглав, заедно со клучните засегнати страни, ги дефинираше десетте теми поврзани со одржливоста, според кои што се подготвени известувањата, преку кои што ја претставува својата посветеност на одговорно осигурување и внимателно инвестирање.


PDF-верзијата од ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и на матичното друштво за 2024-тагодина е подготвена во согласност со MAR Уредбата и е неофицијална. Официјалната верзија е подготвена во согласност со Уредбата 2019/815 и првиот став од член 134 од ZTFI-1, и друштвото ја објавува со посебна објава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП