Пролетта не е само промена на годишните времиња, туку и симбол на нов почеток. Сончевите денови носат светлина во секој агол од домот и ги разоткриваат сите незабележани наслаги од зимата што едвај чекаат да бидат отстранети. Пролетното чистење не е обична обврска, туку ритуал на свежина, враќање на редот и создавање простор за нова енергија. Нема поголемо задоволство од мирисот на чист дом, од сјајот на прозорците до чувството на добра хигиена што ја прави секоја просторија удобна и пријатна.
Но, колку и да е убав резултатот, процесот може да биде предизвик. Отстранувањето на тврдокорните дамки, наслагите од бигор и невидливите нечистотии понекогаш изгледа како битка без крај. За среќа, со правилните сојузници, оваа задача станува брза и едноставна. Токму тука доаѓаат на сцена производите од dm дрогериите наречени Denkmit кои со своите високо ефикасни формули ја претвораат пролетната мисија во лесно и задоволувачко искуство. Без разлика дали станува збор за перење, дезинфекција, освежување или длабинско чистење, резултатот секогаш е ист, а тоа е блескав дом и чувство на чистота. Denkmit универзалниот спреј за чистење е идеален за сите површини, додека Denkmit Anti Kalk е средство за отстранување бигор и е совршен за бањи и кујни, каде што таложењето на бигор е најизразено. Ако сакате прозорците да заблескаат без траги, Denkmit средството за чистење стакло е вистинскиот избор.

