Работниците предводени од Сојузот на синдикати на Македонија утре ќе го изразат незадоволеството од игнорантскиот однос на власта. Владата си дозволи самата да одлучува за висината на минималната плата која ќе ја добиваат вработените од овој месец. Синдикалците се лути што не се слуша зборот на работникот, а дополнително ги отфрлаат и сите обвинувања за партизација на синдикалното движење во Македонија.
Од пред зградата на работниците, па до Собрание, потоа до Стопанската комора и на крајот пред Владата, ова е рутата по која утре на пладне ќе се движат и протестираат работниците кои се незадоволни од одлуката на властите да ја зголеми микнималната плата за само 1 800 денари. ССМ бараше тоа зголемување да изнесува 6 000 денари колку што се зголемени и месечните животни трошоци.
„На 2 април во 12:05 часот, Сојуз на Синдикати на Македонија излегува на улица , онака како што ветивме пред еден месец. Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ, е 12:05, имајќи предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информација да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата“, велат од ССМ.
Синдикалците велат дека до сега, ниту со поголемиот дел од гранските синдикати здружени во ССМ не се преговара, не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор. Нема никаков дијалог во однос на вработгените кои се под државна капа, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да се добијат функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12, 9 проценти во бруто. Наместо тоа ССМ обвинува за засилини напади од политичка партија кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците“, додаваат од ССМ.
Во однос на утврдувањето на репрезентативноста на ССМ како синдикат кој треба да го има последниот збор на Економско социјалниот совет, од ССМ велат дека вече почнала со работа Комисијата за утврдување на репрезентативност, а како информација за јавноста само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, ниту еден друг синдикат нема поднесено барање.
Само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, со што ќе се овозможи негово учество во Економско-социјалниот совет, во Комисијата за утврдување за репрезентативност како и во други трипартитни социјални партнерства, органи и тела на државата, вклучително и барање за утврдување на репрезентативност во јавниот и приватниот сектор и ниту еден друг синдикат ја нема ниту бројката, ниту има поднесено барање.
И.П