2 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ сака телефон што се свиткува и навнатре и нанадвор

„Samsung“ сака телефон што се свиткува и навнатре и нанадвор

„Samsung“ објави патент во кој телефонот користи иновативен механизам за преклопување од 360 степени, што му овозможува да се свиткува и навнатре и нанадвор.

„Samsung“ патентираше телефон на преклоп кој може да се свиткува и навнатре и нанадвор, што би можело да го избегне сегашниот компромис помеѓу заштитата на екранот и футуристичкиот дизајн.

Имено, за разлика од повеќето денешни телефони на преклоп, кои се затвораат навнатре и на тој начин го штитат главниот екран, телефонот на „Samsung“ во патентот користи иновативен механизам за преклопување од 360 степени. Ова ја елиминира потребата за надворешен екран бидејќи телефонот може да функционира во која било насока на преклопување.

Но, кога телефонот е преклопен, „Samsung“ се одлучи за интересно решение. Тие оставиле видливо парче од екранот под камерите, што овозможува брз пристап до информации без отворање на телефонот. Како ова би можело да изгледа визуелно го прикажа Дејвид од „Xleaks7“.

Што се однесува до техничките детали на овој систем за преклопување, патентот открива дека се користи флексибилен екран направен од ултра тенко стакло (UTG) со флексибилни полимерни подлоги и лепила кои заедно со специјално дизајнираните потпорни плочи овозможуваат свиткување во двете насоки.

„Samsung“ претходно покажа сличен концепт наречен „Flex In & Out“ уште во 2023-та година, кој никогаш не ја виде светлината на денот на комерцијалниот пазар. Иако овој патент можеби нема да се реализира, постои шанса првичната идеја да се доближи до вистинска имплементација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП