„Комбинираната компанија ќе испорача попаметни и позначајни искуства на милијарди луѓе, додека ќе остане верен на нашата основна мисија – потрагата по вистината и унапредувањето на знаењето.
Илон Маск ја продаде социјалната мрежа X на неговата компанија за вештачка интелигенција (AI) xAI во зделка вредна 33 милијарди долари, целосно реализирана во акции, објави милијардерот во петокот.
Двете компании се во приватна сопственост, што значи дека од нив не се бара јавно да ги објават своите финансиски извештаи, пишува АП.
Маск напиша во објава на X дека овој потег ќе „отклучи огромен потенцијал со комбинирање на напредните способности и експертиза за вештачка интелигенција на xAI со огромниот дострел на X“. Тој рече дека договорот го вреднува xAI на 80 милијарди долари и X на 33 милијарди долари.
Маск, кој е директор на Tesla и SpaceX, како и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го купи тогашниот Twitter во 2022 година за 44 милијарди долари, драстично го намали бројот на вработени, ги промени правилата за говор на омраза, дезинформации и проверка на корисниците и го преименува во X. Една година подоцна, тој го лансираше xAI.
“Иднината на X-Ai и X се испреплетени. Денес, официјално го преземаме чекорот за да ги собереме податоците, моделите, компјутерската моќ, дистрибуцијата и талентот. Оваа комбинација ќе отклучи огромен потенцијал со спојување на напредните способности за вештачка интелигенција и експертиза на X-Ai со огромниот дострел на X”, напиша Маск. „Комбинираната компанија ќе испорача попаметни и позначајни искуства на милијарди луѓе, притоа останувајќи верна на нашата основна мисија – потрагата по вистината и унапредувањето на знаењето.
Не е јасно дали оваа промена ќе значи нешто конкретно за корисниците на X мрежата – X-Ai веќе користи податоци од X за да ги обучи своите модели со вештачка интелигенција, а претплатниците што плаќаат веќе имаат пристап до чет-бот со вештачка интелигенција наречен Грок.