25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСмартфоните се винови за падот на продажбата на фотоапарати?

Смартфоните се винови за падот на продажбата на фотоапарати?

verniemen

Паметните телефони денеска имаа се подобри камери, а со растењето на бројот на пикели доаѓа и софтверот кој фотографиите ги прави уште подобри. Овој факт почнува да влијае на продажбата на фотоапарати.

Истражувачката компанија „IDC“ предвидува дека испораката на „DSLR“ апаратите ќе забележи пад од 9.1 проценти во однос на претходната година и ќе изнесува 17.4 милиони примероци. Истовремено, водечките производители на фотоапарати, како што се „Canon“ и „Nikon“ се принудени да ги намалат своите прогнози за оваа година, а пад во испораката чувствуваат и производителите на компоненти.

Иако испораката е се помала, од „Canon“ не мислат дека телефоните ќе ги заменат фотоапаратите.

„Фотографирањето со смартфон и обработката на сликата на него со помош на апликација е како готвење со евтини состојки и многу вештачки вкус. Користењето на „DSLR“ апаратите е како да се готви полека со природни и вистински состојки“, вели портпаролот на компанијата „Canon“, Такафуми Хонго.

„Во моментов бележиме лоши бројки, но мислам дека нема да траат за секогаш“, изјави финансискиот директор на „Nikon“, Јунучи Итох.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП