По апелот на Владата, компанијата Алкалоид АД Скопје му додели стпендија од 18.000 денари месечно, во траење од 4 години на Јован Костадинов, херојот од Кочани кој спаси повеќе од 20 лица во пожарот во дискотеката Пулс.
Претходно, Алкалоид преку нивниот долгогодишен партнер, Црвениот Крст на РСМ, одлучи да донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани.


