19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледната недела ќе почне исплата на повисок минималец!

Следната недела ќе почне исплата на повисок минималец!

Најдоцна за една недела ќе мора да се знае висината на новата минимална плата која ќе треба да се исплаќа на работниците од први април. Практично, веќе работниците ја одработуваат платата која треба да ја добијат најдоцна до 15 април, но за колку таа ќе биде зголемена не се знае. Во најголем дел од случаите колку се зголемуваше минималецот, за толку и растеа останатите плати во компаниите. Тоа што во моментов загрижува е дека засега нема ниту збор за следна седница на Економско социјалниот совет на која треба да се утврди точната сума која ќе биде законски загарантирана на најниска.

На почетокот на овој месец од ССМ до владата доставија предлог минимална плата да изнесува 500 евра. Ова барање синдикалците го доставија и до Организацијата на работодавачите но и до пратениците. Во предлогот на ССМ стои дека освен законското усогласување согласно со новата методологија кои би се движело од 1.700 до 1.800 денари, а со тоа минималецот би скокнал од 22.500 на 24.400 денари, да има и дополнително зголемување на минималната плата од 6.000 денари. А работодавците од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно државата да ги субвенционира придонесите.

„Дојде време да изберете дали сте за или против работниците. Вашето избирање дали сте за или против работниците значи во кој правец ќе ја креира ССМ политиката. Ако одлучи некој да биде безобразен – ќе бидеме двојно безобразни, ако одлучи некој еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандард на работниците – еднострано можеме да донесеме одлука за штрајк. Со тоа што ќе добиеме зголемени плати нема да заминеме во банките за да ги штедиме тие средства што сме ги добиле како зголемување, туку со нив ќе ги купиме основните прехранбени производи, кои се даночат со стапка од 5, 10, 15 или од 18 отсто“ велат од ССМ.

Работодавачите напоменаа неколку пати дека немаат проблем да исплаќаат повисок минималец. 500 евра е прилично добра сума за нив, но и стопанствениците апелираат, разликата во висината на придонесите од моменталниот трошок кој го имаат до оној кој би бил со нето плата од 30 илјади денари да го покрива државата. Работодавачите сепак се скептични дека ќе најдат средства да ги зголемат и останатите плати во фирмите колку што би се зголемила минималната плата.

Властите пак се на став дека синдикалците се партизирани и работат само по насоки на опозицијата. Од владата засега немаат намера да го исполнат исполнат барањето на ССМ.

„Доколку работниците и работодавачите на ЕСС се договорат да има минимална плата од 30.000 денари со целосно подмирени трошоци од страна на работодавачите, ние тоа ќе го прифатиме и тука немаме против.“ велат од Владата.

Во моментов околку 30 илјади работници чекаат одлука за новата сума која ќе биде загарантирана како минимална плата. Во моментов Македонија е на самото дно во регионот во однос на сите други држави по висината на минималецот.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП