Американскиот автомобилски гигант „Chrysler“ повлекува 1,2 милиони „pick-up“ возила поради не толку честите проблеми со системот за управување.
Според информациите од компанијата на сервис се повикани 842.400 автомобили од моделот „Dodge Ram“ 2500 и 3500, кои се произведени од 2003-та до 2008-та. Останатите модели на возила кои се предмет на овој отповик се произведени од 2008-та до 2012-та и се од моделите „Ram“ 2500 и 3500, „Ram“ 1500 4×4 „Mega Cabs“, „Ram“ 4500 и 5500 4×4.
Кај околу 453.000 од повлечените автомобили има проблем со одделни детали на управувачкиот механизам што може да доведе до сообраќајни незгоди, наведуваат експертите на „Chrysler“. Веќе се регистрирани две несреќи и се повредени двајца луѓе.
Во јуни раководството на „Chrysler“ соопшти дека повлекува 630.000 џипови поради дефекти со воздушното перниче и појасите за безбедност, а исто така и поради можното истекување на течноста во системот за пренос.