“Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата во Кочани и сочувствуваме со нивните семејства и најблиски. Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување.
Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените”, се вели во соопштението на компанијата.