30 мај, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Украина не требаше да провоцира некој кој е посилен

Трамп: Украина не требаше да провоцира некој кој е посилен

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше од Министерството за правда во Вашингтон, каде одржа говор фокусиран на ситуацијата во САД, но се осврна и на војната во Украина.

Тој го повтори својот став дека конфликтот во Украина „никогаш немаше да избие“ доколку тој беше на чело на САД во последните години наместо администрацијата на Бајден.

Да потсетиме, Трамп претходно ги пофали „добрите и продуктивни“ разговори меѓу САД и Русија, а сега рече дека американските претставници денеска имале „добри разговори“ со Украина и Русија.

„Но, не е лесно“, додаде тој.

Зборувајќи за војната, Трамп ја критикуваше администрацијата на Џо Бајден, велејќи дека „никогаш не требало да дозволи оваа војна да се случи“.

Тој додаде дека Украина не требаше да провоцира „некој што е многу посилен“, мислејќи на Русија и почетокот на конфликтот, и посочи дека САД и дале на Украина голема воена помош, вклучително и „најдобрата воена опрема во светот“, додавајќи дека тоа очигледно не е доволна.

Путин рече дека ситуацијата почнува да се менува по разговорите со пратеникот на Доналд Трамп, Стив Виткоф, во Москва, додавајќи: „Ќе видиме што ќе излезе од тоа“.

Продолжувајќи со својата тактика да му се додворува на Трамп, Путин изјави: „Знаеме дека новата администрација, на чело со претседателот Трамп, прави се за да врати барем дел од она што го уништи претходната американска администрација“.

Големи промени за помалку од две недели

Пред две недели, односите меѓу САД и Украина достигнаа најниска точка по тензичната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс во Белата куќа. Но, за само 14 дена, ситуацијата значително се промени, бидејќи се чини дека се приближуваме до можен прекин на огнот во тригодишната војна меѓу Русија и Украина.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази „внимателен оптимизам“ за тековните преговори за прекин на огнот, додека Трамп на социјалните мрежи објави дека вчерашните разговори меѓу САД и Русија во Москва биле „добри и продуктивни“.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека одговорот на Русија на мировните преговори покажува дека Кремљ сака да „одвлече“ чекори кон прекин на огнот.

Што вели Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ги гарантира животите на украинските војници доколку се предадат во Курск – рускиот регион во кој украинските сили влегоа во август минатата година.

По дводневни разговори, членките на Г7 ја повторија својата „непоколеблива поддршка“ за Украина и разговараа за нови санкции против Русија доколку таа не се согласи на прекин на огнот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП