„Lamborghini“ се подготвува да го лансира својот прв електричен автомобил до 2030-та година, а ќе има моќност од 2000 коњски или, што ќе го направи најмоќниот модел во историјата на марката.
Ова го објави извршниот директор на групацијата „Volkswagen“, Оливер Блуме во неодамнешното интервју, откривајќи нови детали за автомобилот.
Електричниот автомобил ќе користи специјална платформа развиена од „Porsche“ за луксузните и најспортски брендови во групата. Ова значи дека оваа архитектура ќе ги поткрепи и автомобилите од „Audi“ и „Bentley“, овозможувајќи работа до 980 волти.

Идниот најмоќен „Lambo“ црпи инспирација од концептот „Lanzador“ (на сликата), првпат прикажан во средината на 2023-та година. Концептот имаше 1.341 ks, а шефот на компанијата Стефан Винкелман пред извесно време потврди дека серискиот модел ќе има барем толку. Ќе добие два електромотори, кои ќе овозможат погон на сите тркала.
„Lamborghini“ првично планираше да лансира EV во 2028-ма година, но ги одложи плановите за една година. Сепак, извршниот директор верува дека моделот ќе се продава исто како и „Temerario“ – најновиот автомобил во гамата на италијанскиот производител. И тоа звучи доста оптимистички, со оглед на неодамнешните изјави на директори од неколку производители кои беа категорични дека купувачите на автомобили од високата класа не сакаат електрични суперавтомобили.