28 март, 2025
ПочетнаКОМПАНИИУште денес за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025

Уште денес за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025

Остана само уште еден ден до крајниот рок за пријавување на дела направени од отпад за наградниот конкурс Trash for Art 2025. И оваа година Пакомак подготви вредни награди за избраните победнички дела направени од амбалажен отпад, додека Нула Отпад ДОО Скопје обезбеди награден фонд и за трите најдобри испратени дела направени од електронски отпад.

Конкурсот започна на 20.02.2025 и ќе биде затворен денес, 12.03.2025 до 18 часот.

Сите уметнички дела направени од отпад треба да се достават или испратат по карго служба во Лабораториум, на Булевар Климент Охридски бр. 68 во Скопје, помеѓу 10 до 18 часот. Одбраните дела од секоја категорија ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак и истите ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе може да се подигнат на 14.03.2025 година, најдоцна до 18 часот.

Испратените дела треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи не повеќе од 150 см. За уметничките дела од електронски отпад треба да се употребат минимум три дела од електронски отпад и отпадни батерии. Eден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Наградниот конкурс Trash for Art е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории: градинки; основни училишта; поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други). Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари). Идентичен награден фонд е предвиден и за наградата за уметничко дело направено од електронски отпад, која ја доделува Нула Отпад ДОО Скопје.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Побрзајте, пријавете го вашето уметничко дело и покажете дека секој отпад не е ѓубре!

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Повеќе информации за „Trash for Art“, условите за учество и наградите дознајте на www.pakomak.com.mk и на Фејсбук страната на Пакомак: https://www.facebook.com/Pakomak.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП