На 64-годишниот пациент од Хрватска му е спасена ногата од ампутација со интервенција направена од д-р Митрев. Слободан Кујунџиќ од малото Истарско место Бузет дојде во Клиника Жан Митрев по неколку направени операции во Хрватска, два периферни бајпаса на десната нога и се соочуваше со можност неговата нога да биде ампутирана. Пациентот имаше проблеми со протокот на двете артерии на десната нога, но и покрај постојаните болки од тамошните лекари му било кажано дека сите опции се веќе исцрпени и дека ногата треба да биде ампутирана.
На Кујунџиќ, д-р Митрев му направи тробендеректомија на заедничката површинска и длабоката феморална артерија и реконструкција со премостување десно со сопствена вена од левата нога. Интервенцијата помина успешно и ногата на пациентот е спасена,

