4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG Flex сепак доаѓа во Европа, но со висока цена

LG Flex сепак доаѓа во Европа, но со висока цена

Се уште не е познато дали овој телефон ќе дојде во Велика Британија, Америка или Канада, но од наредниот месец би требало да се појави во Франција.

„LG Flex“ од декември ќе биде достапен во Франција, еден месец по претставувањето во Кореа.

Меѓутоа, со закривениот екран ќе дојде и поприличнo високата цена од 940 долари.

„Flex“ ќе биде претставен во Кореа на 12-ти ноември, а кога спецификациите се во прашање, корисниците може да очекуваат 2.2GHz quad core Snapdragon 800 процесор, 2GB RAM и закривен P-OLED екран од 6 инчи.

Компанијата „LG Chem“ ја разви и првата закривена батерија на светот, специјално за овој модел. Батеријата е дизајнирана со помош на „Stack & Folding“ технологијата, која го намалува физичкиот притисок на закривената батерија, со што се добива и подобра стабилност и поголеми перформанси.

И покрај тенката форма, оваа батерија има капацитет од 3.500mAh, што е доволно за интезивно користење подолго од еден ден.

Меѓу неколкуте нови решенија, „LG G Flex“ е првиот паметен телефон кој ја примени т.н. „само-лекувачки“ (selfhealing) слој на позадината. Еластичниот слој има способност сам да се опорави од гребаници кои често се појавуваат на телефоните без футроли, па благодарејќи на ова „G Flex“ подолго ќе го задржи новиот изглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП