Вината на Бовин се најнаградуваните на 35. реномиран интернационален вински натпревар MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, а винаријата Бовин е прогласена за најдобра во Македонија.

Во конкуренција со вина од целиот свет, вината на Бовин освоија 6 златни и 7 сребрени медали – огромен успех и потврда за нивниот светски квалитет. Златни медали освоија следниве вина: Бовин Elix 2016 (сорта Темпраниљо) Dissan 2019 Вранец „2015 My Way“ Бовин Era 2015, Emotion 2021 (сорта Шираз), Бовин Ana Marija Rose 2024 (розе) Сребрени медали освоија: Imperator 2023, Emotion 2012 (сорта Шираз), Pinot Noir 2024, Symphony Cuvee 2024, Euphoria Cuvee 2024, Merlot Barrique 2021, Бовин A’gupka 2015.
„Горди сме на овој успех, бидејќи претставува потврда дека континуирано создаваме висококвалитетни вина направени за уживање,“ изјавија од Бовин.
„Особено сме задоволни бидејќи признанието доаѓа од MUNDUS VINI – еден од најпрестижните вински натпревари во светот, каде што се натпреваруваат над 12.000 вина од водечки вински земји.“

Оваа година вината се оценуваа според 20 критериуми, вклучувајќи ја категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус. Оценувањето се вршеше во согласност со стандардите на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната унија на енолози (UIOE). Меѓународното жири го сочинуваат 300 вински експерти – енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од различни земји, кои неколку дена дегустираат, евалуираат и оценуваат вина „на слепо“.
Натпреварот вклучува вина од познати вински региони како Чиле, САД, Франција, Австралија, Аргентина и многу други.
MUNDUS VINI е основан од Meininger Verlag и е еден од најзначајните вински натпревари во светот. Неговата цел е да го промовира квалитетот на виното и да им овозможи на производителите, лозарите, увозниците и потрошувачите да учествуваат на интернационален форум, каде што ќе можат да ги споредат своите вина и да добијат вредно признание за својот труд.
(ПР објава)