7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите Олимписки игри во историјата

Најскапите Олимписки игри во историјата

Градовите – домаќини на Олимпијади трошат значителни суми за организација на игрите. Се градат нови стадиони, спортски борилишта, инфраструктура. Во денешно време не се малку и трошоците за безбедност од терористички напади. Свеченото отворање пак е скапо и непотребна забава.

Трошоците за модерните Олимпијади секогаш го надминуваат прелиминарниот буџет, а историјата е сведок на многу случаи во кои тие се повеќе од приходите и градот домаќин акумулира долг кој треба да го плаќа со години.

Видете кои се 10-те најскапи олимпијади во историјата:

10. Летни Олимписки игри во Монтреал, Канада – 1976-та година – 1,2 милијарди долари.

На 12-та мај 1970-та година Канада доби да биде домаќин на Игрите за 1976-та година. Тие беа откриени од Кралицата Елизабета. Двонеделната програма ја чинеше Канада 1,2 милијарди долари, а земјата го зазеде 27-то место на табелата по медали.

9. Летни Олимписки игри во Атланта, САД – 1996-та година – 1,8 милијарди долари.

Игрите беа отворени од страна на претседателот Бил Клинтон. Атланта вложи пари во подобрување на транспортот, проширување на аеродромот, изградба на Олимпиското село. Крајна сметка беше 1,8 милијарди долари, а САД беше на прво место по медали (со 101).

8. Летни Олимписки игри во Москва, Русија – 1980-та година – 2 милијарди долари.

66 држави ги бојкотираа овие игри, вклучувајќи ја и САД. Сепак тие го чинеа Советскиот Сојуз 2 милијарди долари. Русија беше на прво место по медали – 195 парчиња.

7. Летни Олимписки игри во Сиднеј, Австралија – 2000-та година – 3,8 милијарди долари.

Над 10.000 спортисти од 199 нации учествуваа во првите Олимписки игри на Милениумот. Свеченото отворање беше особено раскошно. Австралија го освои 4-то место по медали со 58 одличја.

6. Летни Олимписки игри во Сеул, Јужна Кореја – 1988-та година – 4 милијарди долари.

Учествуваа над 8.000 спортисти од 160 земји. Свеченото отворање е во текот на денот за последен пат во историјата. Тоа се и последните Олимписки игри за земјите Советски Сојуз и Источна Германија. Јужна Кореја е на 4-то место по медали со 33.

5. Летни Олимписки игри во Браселона, Шпанија – 1992-та година – 9,2 милијарди долари.

За прв пат од 1972-та година ниту една нација не го бојкотира Игрите. Учествуваат над 9.000 спортисти од 170 земји. Мотото на игрите е „Пријатели засекогаш“. Изградени се многу нови згради и заедно со цената на свеченото отворање крајна сметка е 9,2 милијарди долари. Шпанија се најде на 6-то место по медали со 22.

4. Летни Олимписки игри во Атина, Грција – 2004-та година – 15 милијарди долари.

За прв пат од далечната 2004-та година Олимпијадата се враќа во својата татковина – Грција. За прв пат од 1996-та година учествуваат и сите земји со Олимписки комитет. Изграден е нов Олимписки стадион кој беше подготвен целосно непосредно пред отворањето.

3. Летни Олимписки игри во Лондон, Англија – 2012-та година – 17 милијарди долари.

За првпат сите земји на Олимпијадата испраќаат жени, вклучувајќи ги и Катар, Саудиска Арабија и Брунеи. За прв пат во програмата има женски бокс. Велика Британија е на 3-то место во рангирањето по освоени медали со 65.

2 . Летни Олимписки игри во Пекинг, Кина – 2008-та година – 40 милијарди долари.

Кина ги надмина сите очекувања. Беа изградени 37 нови објекти од кои 12 беа само за една дисциплина. Кина беше на 1 место во рангирањето на медали со 100 одличја.

1. Зимски Олимписки игри во Сочи, Русија – 2014-та година – 50 милијарди долари.

За првпат Руската Федерација ќе биде домаќин на Игрите. Во Сочи се потрошени многу пари. Се очекува игрите да чинат 50 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП