Тимот од лабораторијата iFixit, специјализирана за расклопување и сервисирање на мобилни уреди, овој пат ни нуди увид во она што е внатре во моделот iPhone 16e.
Видеото прикажува интересен процес на расклопување на телефонот, а укажува и на умерената тешкотија на сервисирањето на уредот.
Интересно е што Apple го префрли процесот на замена на батеријата од моделот iPhone 16 на својот најнов телефон.
Дополнително, PBKReviews направи сопствена верзија на расклопување на уредот и покажува дека капацитетот на батеријата наведен на него е 4.005 mAh. Тоа не отстапува премногу од претходно најавениот капацитет на батеријата од 3.961 mAh. но секако изгледа поубаво.
Знаеме дека iPhone 16e не поддржува MagSafe, но поддржува стандардно безжично полнење до 7,5W.