12 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата да ги субвенционира платите директно кај работниците, а не преку компаниите

Владата да ги субвенционира платите директно кај работниците, а не преку компаниите

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ излезе со свој став во однос на минималната плата. Експертите од ова зсдружение велат дека минималната плата треба да продолжи да се зголемува, тоа е еден од социјалните механизми за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Но, како проблем тие го наведуваат производствениот капацитет на компаниите.

Како држава мораме да се соочиме со суровата реалност, а тоа е ниската продуктивност на нашата економија. Растот на платите природно е поголем од растот на економијата, поради трошоците на живот. Сепак, она што останува како проблем е производниот капацитет на нашите компании. Растот на македонската економија е 2.5% и истиот е најнизок и во регионот и во Европа.

Растот на минималната плата во минатото дал позитивен резултат со поттик на раст на платите. Од ЗМАИ велат дека доколку се направи споредба со прериодот од пред нешто помалку од 10 години ќе забележиме дека околу 100 илјади граѓани земале минимална плата која изнесувала околу 150 евра. Дополнително, невработеноста која континуирано се намалува и отселувањето на новите генерации на работници вршат засилен притисок врз компаниите за раст на платите и тие продолжуваат да растат, додаваат економистите. Нивниот став е дека додека се зборува за раст на платите мора да се отвори и темата автоматизација на процесите, воведување на модерни технологии во производството, а тоа ќе значи зголемување на производството.

„Во услови на раст на платите, гледаме дека имаме недостаток на работна сила и непродуктивна економија. Тоа е така во сите држави. Според Светската Банка, македонската плата брзо ќе расте бидејќи работниците, како друга опција за вработување да ги гледаат земјите од ЕУ, каде платите се повисоки. Овие земји можат да си ги дозволат повисоките плати, поскапото и поквалитетно образование и здравство бидејќи имаат компании кои се продуктивни. Предлогот за зголемена минимална плата со задржување на сегашното ниво на придонеси не е никаква новина. Намалувањето на придонесите ќе доведе до пониски приходи во буџетот, што би можело да го ослабе пензискиот и здравствениот систем. Дополнително, овој модел би вовел асиметрија во распределбата на трошоците помеѓу државата и работодавачите, што би можело да создаде правна и економска несигурност“.

Ставот на експертите е дека доколку оваа идеа на синдикатите се прифати тогаш владата треба да размислува за модел на субвенции на растот на платите, но тие субвенции да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите.

„Со таков модел компаниите би ги платиле вкупните придонеси на новата, покачена плата, а државата би го субвенционирала фактичкото зголемување на платите, директно на сметките на работниците. Со оглед на тоа што стандардот мора да продолжи да расте, oва е балансиран пристап што ги задоволува интересите на сите засегнати страни, а истовремено придонесува за природен и постојан раст на платите во економијата“, додаваат од ЗМАИ.

Експертите завршуваат со препораката дека владата треба да воведе мерки за поддршка на малите и средни претпријатија како субвенции за иновации и дигитализација кои би ја зголемиле продуктивноста и би го олесниле финансискиот товар од повисоките плати.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП