Стопанството има потреба да вработи нешто над 9 500 граѓани. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Податоците од извештајот велат дека за една година има стагнација, односно и лани исгтиов период на пазарот на труд недостасувале идентичен број на вработени. Што се однесува на квартално ниво, податоците велат дека во третиот квартал лани во однос на последното тромесечие од 2024 година има намалување на бројот на слободни работни места.
Угостителскиот сектор подолг период е најзагрозен од оваа состојба. Официјалните податоци велат дека угостителските објекти, сместувчките капацитети, и останатите дејности од овој сектор имаат најголема потреба од нови вработувања.
„Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.93 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.47 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.13 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.72 %. Најголем број на слободни работни места, односно 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници“, стои во извештајот на ДЗС.
Во однос на индустриите најмногу слободни работни места има во трговијата на големо и мало и тоа 2289, следува преработувачката индустрија каде во моментов недостасуваат 2090 работници. Во образовниот сектор недостасуваат 1284 лица, во градежништвото 577, транспорт и складирање 542. Во останатите индустрии недостасуваат по неколку стотини вработени.
Во компаниите каде има вработени од 3 до 9 лица има потреба од 1466 нови вработувања, потоа во компаниите од 10 до 49 лица има 2892 слободни работни места, во компании од 50 до 249 вработени има потреба да се вработат нови 2984 лица. Компании со над 250 лица имаат потреба да вработат нови 2220 работници.
Според регионите низ дражвата, најмогу потреба има пелагониоскиот регион, таму се потребни нови работни места за 1362 лица. Во вардарскиот, источниот, полошки и југоисточниуот регион треба да се вработат по нешто над 600 лица. Во југозападниот регион има над 400 празни работни места а во североисточниот над 250 слободни работни места. Најмногу празни работни места има во скопскиот регион и тоа 4862.
Ако се погледнат убаво податоците ќе се види дека во Скопскиот регион работат дури 253 илјади работници, во останатите региони таа бројка се движи од 48 до 17 илјади работници.
И.П