21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Carlsberg“ навестува закрепнување на побарувачката

„Carlsberg“ навестува закрепнување на побарувачката

Цената на акцијата на „Carlsberg“ се зголеми откако компанијата прогнозираше дека нејзиниот профит ќе порасне за 5% во 2025-та година, бидејќи потрошувачкото опкружување се стабилизира на многу клучни пазари на гигантот, пишува „Bloomberg“.

Данската пиварница соопшти дека ќе генерира годишен раст на органскиот оперативен профит од 1% до 5%. Ова е под зголемувањето од 6% постигнато во 2024 година, но е подобро од очекувањата на пазарот.

Цената на акцијата на „Carlsberg“ порасна за 4,3% пред почетокот на трговската сесија. Во 12-те месеци до затворањето на тргувањето во петокот, цената на акциите на компанијата падна за 20%.

Предводен од извршниот директор Џејкоб Аруп-Андерсен, „Carlsberg“ се бори со нестабилната побарувачка на многу клучни пазари и во 2024-та година, направи серија големи промени за кои Аруп-Андерсен вели дека ја преобликуваат иднината на компанијата.

Ова го вклучува купувањето на британскиот производител на безалкохолни пијалоци „Brtivic“, што ја зацврсти позицијата на „Carlsberg“ на еден од најконкурентните пазари во Европа и компанијата поактивно влезе во овој пазарен сегмент. „Carlsberg“ рече дека договорот ќе доведе до годишни синергии од 100 милиони фунти (124 милиони долари).

Компанијата, исто така, направи некои структурни промени во својот бизнис, како што е откупувањето на својот партнер во Индија и Непал, за што вели дека ја става во подобра позиција да искористи повеќе можности за раст.

Во 2024-та година производителот на пиво со брендовите „Carlsberg“ и „Tuborg“ забележа органски раст од 0,4% во продадените количини, при што послабите резултати во Западна Европа и Кина ја засенија подобрата продажба на пазарите како Централна и Источна Европа и Индија. Поголемите количини во поголемите градови ја надоместија помалата продажба во западните провинции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП