3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа 2015-та е најавена новата Линеа

За 2015-та е најавена новата Линеа

Турскиот партнер на Фиат, Тофаш, го најави престанувањето на производството на акутелниот модел Линеа. Следната генерација на ова возило исто така ќе се произведува во фабриката во Бурса, а се очекува на пазарот да се појави во 2015-та година.

Од Тофаш не објавија повеќе детали за новата Линеа, но соопштија дека во фабриката ќе бидат вложени околу 385 милиони евра. Во Бурса покрај моделот Линеа се произведуваат и други модели на Фиат кои се наменети пред се за пазарите во развој, а новата инвестиција двојно ќе го зголеми капацитетот на фабриката, па така годишното производство во 2023-та година ќе изнесува 580.000 возила

Акутелната Фиат Линеа е претставена во 2007-та година и е базирана на платформата на моделот Гранде Пунто.

За новата генерација засега нема официјални информации, а неофицијално се дознава дека компанијата ќе се обиде што е можно повеќе да ги намали трошоците за производство, па така овој автомобил би имал пониска продажна цена и би бил поконкурентен на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП