Генералното собрание на ОН во понеделникот усвои резолуција, подготвена од Украина и нејзините европски партнери, со која се потврдува поддршката за Украина и нејзиниот територијален интегритет, три години од почетокот на руската инвазија на земјата.
Соединетите држави беа принудени да се воздржат од гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации во понеделникот за резолуцијата кои сами ја подготвија по повод третата годишнина од почетокот на руската војна во Украина. Одлуката за воздржување дојде откако 193-членото тело на ОН ги прифати амандманите предложени од европските земји. Амандманите вклучуваа додавање експлицитни референци за полноправната инвазија врз Украина од Русија, како и повик за праведен, траен и сеопфатен мир во согласност со основните принципи на Повелбата на Обединетите нации, истовремено потврдувајќи ја поддршката за суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина.

