6 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„YouTube“ конечно ги намалува цените! Наскоро доаѓа нова опција „Premium Lite“ без...

„YouTube“ конечно ги намалува цените! Наскоро доаѓа нова опција „Premium Lite“ без реклами

„YouTube“ претходно тестираше нова опција за претплата на „Premium Lite“ без реклами во неколку земји. Тоа им овозможи на корисниците да уживаат во искуството на гледање на нивната омилена содржина без прекини од рекламните блокови и по пониска цена. Сега оваа нова опција се подготвува за нејзино официјално лансирање.

Според извештајот на „Bloomberg“, „Google“ планира официјално да воведе „YouTube Premium Lite“ пакет, кој нема да ја вклучува услугата „YouTube Music“, а можно е да нема можност за преземање офлајн и репродукција во позадина. Новата функција најпрво треба да биде достапна во САД, Австралија, Германија и Тајланд, а лансирањето во САД е особено важно бидејќи претходното тестирање не ја вклучуваше оваа земја.

Претставник на „YouTube“ потврди дека компанијата веќе некое време ја тестира новата услуга „Premium“ на различни пазари, каде што повеќето видеа се без реклами и дека се надева дека ќе ја прошири оваа услуга на повеќе корисници во иднина.

Цената сѐ уште не е објавена

„YouTube“ сè уште не ја откри цената за опцијата „Premium Lite“. За споредба, индивидуалната претплата на „YouTube Premium“ во САД чини 13,99 долари месечно, така што „Premium Lite“ дефинитивно ќе биде поевтина од оваа цена.

Сепак, сè уште не е познато дали „YouTube“ ќе ја прошири оваа претплата на глобално ниво.

Новата опција за претплата би можела да биде одлична алтернатива за сите корисници кои сакаат да ги избегнат рекламите, но не планираат да користат некои од дополнителните услуги, како „YouTube Music“ или „офлајн“ преземања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП