4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHuawei инвестира 600 милиони во 5G

Huawei инвестира 600 милиони во 5G

Иако 4G мрежата дури сега ќе се постави како стандардна, компанијата „Huawei“ има во план во наредните 5 години да вложи 600 милиони долари во развој на 5G мрежата.

Како што истакнуваат од кинеската компанија, дел од парите меѓу останатото ќе бидат инвестирани во т.н „air-interface“ технологија.

Телекомуникациските стандарди за 5G се уште не се пропишани, но јасно е дека се работи за мрежа која ќе ја наследи 4G LTE.

Од „Huawei“ ја опишуваат 5G мрежата како онаа која може да испорача максимална брзина на преносот на податоци од 10Gbps, односно околу 10 пати побрзо во однос на поголемиот дел 4G конекции, денеска.

Според информациите компанијата очекува 5G мрежата да се појави до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП