Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – избрана е во „топ 100“ кафетерии од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кофи фестивал.

„Ова е огромно признание за целокупниот тим на „The Dude Specialty Coffee“ но и светско уважување на брзорастечка скопска Спешлти кафе сцена. Кога го отворив „The Dude“ главна мисија беше да станеме препознатливи по „доброто кафе“, а сега таа потврда ја добивме во меѓународни рамки. Токму поради тоа сега имаме уште поголема мотивација да го задржиме нашиот квалитет и да им нудиме врвно уживање на сите љубители на овој исклучителен производ, од кој се воодушевени, речиси сите луѓе“, истакна Мирче Чашуле сопственик на кафетеријата.



