19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНовата прогноза на „Garmin“ ги надмина очекувањата на Волстрит

Новата прогноза на „Garmin“ ги надмина очекувањата на Волстрит

Швајцарскиот производител на уреди за навигација „Garmin“ прогнозираше резултати над очекувањата на Волстрит, обложувајќи се на континуирана динамика во некои сегменти од својот бизнис.

„Garmin“ прави уреди за носење наменети за таргетиран пазар на професионалци и е специјализиран за производи со овозможен GPS за потребите на одбраната и забавата, наплаќајќи премија за своите производи од високата класа.

Нејзината деловна предност што е високо специјализирана му помогна да ја одврати конкуренцијата од производителите на паметни телефони како „Apple“ и „Samsung“, кои објавија уреди за носење од високата класа како „Apple Watch Ultra“ и „Galaxy Watch Ultra“. Во овој сегмент моментално доминира „Garmin“.

За цела 2025-та година „Garmin“ очекува неговиот приход да биде приближно 6,80 милијарди долари над 6,72 милијарди долари очекувани од аналитичарите, според податоците собрани од „LSEG“.

Компанијата очекува да пријави приспособена годишна заработка од 7,80 долари по акција, над просечната прогноза од 7,74 долари по акција.

Сегментот на производи на отворено, најголемиот по приходи на компанијата, забележа силна побарувачка за нејзините часовници за време на празничниот квартал, со квартален приход од 629,4 милиони долари, што е значително над прогнозата од 585,6 милиони долари.

Приходите од автомобилскиот сегмент скокнаа за 30% на 165,8 милиони долари, благодарение на растот на продажбата на контролори на домени за производителите на автомобили како „BMW“.

За кварталот завршен на 31-ви декември, „Garmin“ објави 1,82 милијарди долари приход, над очекувањата на аналитичарите од 1,7 милијарди долари, според податоците собрани од „LSEG“.

Заработката достигна 2,41 долари по акција, додека аналитичарите очекуваа 2,03 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП