22 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПатувањето во ЕУ како и обично: Одложено воведувањето на системот ETIAS

Патувањето во ЕУ како и обично: Одложено воведувањето на системот ETIAS

Македонските граѓани ќе продолжат да патуваат како и досега, без да пополнуваат нови формулари при патувањето во земјите од Шенген зоната.

Врз основа на последните изјави на лидерите на ЕК и ЕУ, најавеното воведување на системот ETIAS (European Travel Information and Authorization System) за државјани на 50 земји на кои не им е потребна виза за влез во земјите од Шенген зоната е одложено до дополнително известување.

Имено, долгоочекуваното воведување на системот EES (систем за излез/влез), кој требаше да започне со имплементација во ноември 2024 година, беше одложено на крајот на октомври 2024 година на неопределен период, со најава дека неговото воведување ќе се случи во 2025 година.

Овој систем требаше да биде првиот чекор кон воведување нови правила за влез во шенген-земјите за граѓаните на земјите за кои не е потребна виза (вклучувајќи ја и Македонија).

Последните информации објаснуваат дека ЕУ прво ќе го воведе системот EES, а потоа по неговото воведување во рок од 6 месеци ќе се воспостави и ETIAS системот. Непознатото е секако датумот на почетокот на воведувањето на системот EES, а со тоа и неможноста да се одреди точниот или приближниот датум како почеток на користењето на системот ETIAS.

Да потсетиме дека почетокот на имплементацијата на Европскиот систем за информации и овластување за патување – ETIAS, кој ќе важи за земјите кои не се членки на Шенген зоната, претходно беше најавен за мај годинава. Новина што ќе ја воведе системот ETIAS е плаќањето на такса од седум евра за добивање дозвола за патување, која важи за земјите од Шенген зоната.

Данокот треба да го плаќаат сите граѓани, освен оние под 18 години и оние над 70 години. Дозволата за патување за земјите од ЕУ ќе важи три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП