13 мај, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Русија зазеде многу територија, тие ги држат картите во раце

Трамп: Русија зазеде многу територија, тие ги држат картите во раце

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија „има карти“ во какви било мировни преговори да стави крај на војната во Украина бидејќи „зазела многу територија“.

„Мислам дека Русите сакаат да го видат крајот на војната, навистина мислам. Мислам дека тие ги имаат картите бидејќи зазедоа многу територија. Тие ги имаат картите“, изјави Трамп за Би-Би-Си додека се враќаше во Вашингтон по говорот на инвестицискиот состанок во Флорида, кој беше поддржан од Саудиска Арабија.

Трамп, исто така, рече дека верува оти Москва сака да види крај на војната што ја започна пред речиси три години со целосна инвазија на Украина.

Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор“ по втор пат во еден ден за време на говорот на Флорида. „Тој ги отфрла изборите. Ниско котира на украинските анкети. Како можеш да имаш висок рејтинг додека секој град се урива?, рече Трамп.

Зеленски неговата изјава ја нарече „дезинформација“, обвинувајќи го дека живее „во простор на дезинформации кои доаѓаат од Москва“. Неговиот петгодишен мандат требаше да истече во мај годинава, но изборите беа прекинати поради воената состојба која е на сила од февруари 2022 година.

Трамп тврдеше дека Зеленски има само 4 отсто поддршка во Украина, но Би-Би-Си објави дека анкетата спроведена овој месец покажа дека 57 отсто од Украинците имаат доверба во својот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП