20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа граѓаните им збоктиса од зборот „мерка“ !

На граѓаните им збоктиса од зборот „мерка“ !

Зборот мерка е еден од најзастапените во речникот на властите во последните неколку години. Граѓаните се изнаслушаа приказни како некој се грижи за нив, смислува програми, воведува закони, носи мерки, се со цел да им го направи животот полесен. Така и денес, жителите на Македонија која е на дното по висината на минималната плата чека од актуелната власт да одлучи која нова мерка ќе ја донесе. На владина седница ќе биде рагледуван предлогот кој Комората на трговци го достави до Илинденска број два, одниосно кои производи ќе добијат ограничена маржа.

По најавите на властите дека ќе се „бетонираат“ маржите на 10 отсто на добар дел од прехранбените производи, средствата за лична хигиена и останати артикли, по брза постапка трговците формираа своја комора. Кој е во составот на ова ново здружение, засега не е познато. Енигма е и дали во комората има и дистрибутери, трговци на големо или само ланци на маркети.

Информации во јавноста велат дека дел од големите маркети не прифатиле да бидат членови на оваа Комора на трговци. Според информациите, трговците вчера испратиле листа на производи на кои имало неколку стотини артикли кои би се продавале со симболично намалена цена во маркетите. Листата не се објавува официјално додека трговците и владата не си подадат рака.

Од владата сметаат дека набрзо ќе се стави ред во трговијата на големо и мало.

„Ќе се разгледуваат и дополнителни можности, по што Владата ќе заземе став за тоа кои и какви мерки ќе се преземат за ограничување на цените на одредени производи. Согласно договореното, до Министерството за економија и труд се пристигнати неколку предлози од страна на трговците, некои од нив се однесуваат на ограничување на маржата, додека други на намалување на цените на основните прехранбени производи.“

Од ново формираната комора засега не сакаат да дадат никаква официјална информација бидејќи сметаат дека така ќе влијаат негативно на процесот на договарање со властите. Тие се оптимисти дека набрзо ќе има конечен договор и тој ќе биде во корист на сите засегнати страни.

А континуираниот раст на трошоците на живот, зголемувањето на вредноста на минималната синдикална кошничка според Сојузот на синдикати на Македонија е резултат на неконтролираното зголемување на цените од страна на несовесни трговци. Синдикатите на неколку пати го вперуваа прстот во трговците кои според нив ги поскапувале производите веднаш по завршувањето на некоја од владите мерки. Слична пракса имале трговците и пред мерката да започне, со што спроед ССМ ланците на маркети не придонесувале за подобрување на состојбата.

Во меѓувреме и опозицијата излезе со свој предлог. Од СДСМ бараат да се намали Данокот на додадена вредност на струјата и на прехранбените производи. За партијата на власт која имаше слично вакво барање додека беше во опозиција, сега тоа не е прифатливо.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП