21 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle Play со повеќе симнати апликации од App Store

Google Play со повеќе симнати апликации од App Store

„Google Play“ го претекна „App Store“ по бројот на симнати апликации. 25 проценти повеќе апликации се симнати од онлајн продавницата на „Google“, отколку од „App Store“. Податоците се од извештајот на „App Annie Index“ за јули, август и септември 2013-та година.

Во него се потсетува дека „Google Play“ имал со 10 проценти повеќе симнувања во споредба со своите конкуренти во вториот квартал. Извештајот придава дека повисоките резултати за тоа, се и покрај сеприсутноста на „iOS“ услугите во земји како Кина и Русија, но платформата на „Google“ жнее огромен успех во Јужна Америка, а особено во Бразил и Аргентина.

Според „App Annie“, дел од зголемувањето се должи на растечката средна класа во Бразил, каде што побарувачката на паметните телефони се зголеми.

„Растот на бразилската средна класа ја води државата кон премин од обичните телефони на паметни телефони, па така се очекува понудата на смартфоните за Бразил да се зголеми со над 125 проценти меѓу 2013-та и 2017-та година. Во споредба, зголемувањето на глобално ниво е 65 проценти“, се наведува во извештајот.

Покрај општото зголемување на симнување од онлајн продавницата на „Google“, интернет гигантот се уште го нема достигнато „Apple“ во однос на генерирање на профитот. Благодарение најмногу на извадените апликации во социјалните мрежи, „Apple“ го задржува лидерство, иако односот се намалува во корист на „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП