16 мај, 2025
ПочетнаСВЕТОва е Сириецот кој уби тинејџер во Австрија: Се смеел по нападот,...

Ова е Сириецот кој уби тинејџер во Австрија: Се смеел по нападот, па со прст покажал еден знак

Сириецот Ахмад Г. (23) по случаен избор избодел петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, извести полицијата. 14-годишникот починал на местото на настанот, додека други четири лица се повредени. Полицијата го уапсила осомничениот, сириски државјанин со легален престој во Австрија, соопшти полицијата.

Според очевидци, осомничениот за време на нападот извикал Алаху Акбар, а откако избодел невини луѓе, бил снимен како се смее.

„Ова е несекојдневен и шокантен настан. Вакво нешто досега не е снимено“, изјави Рајнер Дионисио, шеф на одделот за односи со јавноста на полицијата во Каринтија.

„Позадината на овој напад сè уште не е позната, а во моментов е во тек темелна истрага за целиот случај“, додаде тој.

Нападот се случил околу 16 часот во самиот центар на Филах. Сириец ненадејно со нож нападнал минувачи пред кафуле, пренесува Krone Zeitung. Сите жртви се мажи. Двајца се полесно повредени, а двајца се тешко повредени.

Напаѓачот бил запрен од друг Сириец, кој работи како доставувач на храна, пренесува Heute.

Сакаше да оди кон центарот на градот, имаше деца на улица. Не можев да дозволам тоа да се случи. И јас имам деца!, изјави тој за медиумите.

Оваа информација ја потврди полицијата.

„Четириесет и двегодишен доставувач на храна, исто така сириски државјанин, бил сведок на нападот. Без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот“, рече Дионисио.

Се сеел кога го фатија.

Дионисио рече дека на снимката од апсењето јасно се гледа како осомничениот се смее.

„Со оглед на околностите, можеме да бидеме благодарни што сведокот успеа да го онеспособи напаѓачот“, додаде тој.

Сириецот претходно не и бил познат на полицијата, со себе имал лична карта на барател на азил, а наводно престојувал во прифатниот центар Лангауен.

Според австриските медиуми, тој имал дозвола за престој во Австрија.

Снимките и фотографиите од апсењето, исто така, покажуваат како осомничениот се смешка додека мирно седи во уличка и покажува со показалецот кон камерите кои го снимаат во наводен исламистички поздрав, додека полицајците му приоѓаат со оружје.

Младиот човек не покажал каење, напротив, изгледал целосно еуфорично, објави Хојт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП