27 март, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Денеска се состануваме со Русите, поканети се и Украинците

Трамп: Денеска се состануваме со Русите, поканети се и Украинците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претставниците на Русија и САД ќе се сретнат денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Според него, на средбата биле поканети и претставници од Украина.

Првите состаноци на трилатералната група на САД, Русија и Украина треба да се одржат на маргините на Минхенската безбедносна конференција со цел подготовка на мировен договор и прекин на огнот во Украина.

„Русија ќе биде таму. Патем, поканета е и Украина. Не сум сигурен точно кој ќе биде од кои земји. Но, високи претставници од Русија, Украина и САД“, рече Трамп.

Тој не прецизираше кој точно ќе учествува на средбата. Доколку присуствуваат официјални лица од сите три земји, тоа ќе биде прва средба меѓу претставниците на Русија и Украина од 2022 година.

Во мај 2022 година Киев ги прекина мировните преговори со руската страна, додека во октомври истата година Владимир Зеленски потпиша указ со кој се отфрли можноста за понатамошни преговори со рускиот претседател Владимир Путин се додека тој е на чело на Русија.

На 12 февруари, Доналд Трамп го имаше својот прв телефонски разговор со Владимир Путин по преземањето на функцијата.

Москва и Вашингтон почнаа да формираат тимови за продолжување на билатералниот дијалог и разговорите за украинскиот конфликт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП