Се чини дека „Audi“ е се поблиску до одлука да не прави наследник на „A7 Sportback“.
Иако „A7“ е еден од најатрактивните спортски седани, се чини дека нема да има повеќе простор за нова генерација бидејќи новиот „A6“ пристигнува летово.
Понудата претходно беше проширена со електрични модели, па веројатно затоа сега се поедноставува со елиминирање на одредени модели кои се сметаат за „непотребни“ за да не се преоптоварат клиентите.
Новиот „А4“ беше преименуван во „А5“, па „A5 Sportback“ мораше да исчезне уште порано. Новиот „А6“ треба да стане „А7“, но „Audi“ реши да ја врати старата номенклатура за која веќе пишувавме.
Поради сето ова, „A7 Sportback“ ќе влезе во историјата заедно со варијантата „A7L“, која е достапна на кинескиот пазар.