2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti претстави суперавтомобил во само три примероци (фото)

Bugatti претстави суперавтомобил во само три примероци (фото)

Серијата „Легендите на Bugatti“ е формирана во чест на најважните луѓе за марката. На автомобилскиот саем во Дубаи беше прикажан суперавтомобил, посветен на италијанскиот пилот Бартоломео Костантини.

Константин бил близок пријател на основачот на брендот „Bugatti“, Еторе Бугати и два пати триумфираше на „Rally Targa Florio“ – сицилијанската рели трка на која победи со „Bugatti Type 35“, еден од најуспешните тркачки автомобили во своето време. Моделот во чест на пилотот е создаден врз основа на „Veyron Grand Sport Vitesse“.

Осумлитарскиот мотор W16 е во можност да го забрза „Veyron Grand Sport Vitesse Meo Costantini“ до 100 км/ч за само 2.6 секунди. Во април оваа година, автомобил постави нов рекорд за брзина – 408.84 км/ч, што го прави овој модел најбрзото кабрио, некогаш создадено. Ова возило е изработено од јаглеродни влакна и алуминиум во браникот и вратите и ја надополнуваат убавината на овој автомобил.

Алуминиумските делови се рачно полирани и покриени со проѕирен лак. Специјално за овој модел е создадена сина нијанса наречен „Bugatti Dark Blue Sport“. На контролната табла има изгравирано автограм на Константини.

Моделот ќе биде произведен во само три примероци, како и другите возила од серијата „Легендите на Bugatti“. Цената на секој автомобил ќе изнесува 2.7 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП