27 март, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Путин и јас се сложивме веднаш да ги започнеме преговорите

Трамп: Путин и јас се сложивме веднаш да ги започнеме преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека штотуку имал „долг и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Во објавата на неговата платформа „Truth Social“, американскиот претседател наведува дека разговарале за Украина и Блискиот Исток, како и за вештачката интелигенција (AI). Тој рече дека се договорил со Путин веднаш да ги започнат преговорите за Украина.

Трамп додаде дека тој и Путин разговарале за фактот дека САД и Русија успешно соработувале за време на Втората светска војна и ги изразиле своите очекувања за „големите придобивки што еден ден ќе ги остварат со заедничка работа“.

И двајцата се согласија, вели Трамп, дека сакале „да ги запрат милионите смртни случаи што се случуваат во војната меѓу Русија и Украина“.

„Се договоривме да работиме заедно, многу тесно, вклучително и посети од нашите земји. Исто така, се согласивме дека нашите тимови веднаш ќе започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го информираме за разговорот, што ќе го направам токму сега“.

Трамп додава дека задолжил тим предводен од државниот секретар Марко Рубио да ги води преговорите.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Путин за одвоеното време и напор за време на овој повик, како и за вчерашното ослободување на Марк Фогел, прекрасен човек кого лично му посакав добредојде во Белата куќа синоќа. Верувам дека овој напор ќе доведе до успешен завршеток, се надевам наскоро! – заклучи Трамп.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на брифинг ги информираше руските медиуми за телефонскиот разговор меѓу лидерите на двете земји.

Ова беше прв разговор меѓу лидерите на Русија и САД по три години. Рускиот претседател последен пат разговараше со претходникот на Трамп, Џо Бајден, истиот ден – 12 февруари 2022 година.

„Претседателот Путин и американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го завршија телефонскиот разговор“, рече Песков. „Тоа беше многу долг телефонски разговор, кој траеше речиси час и половина.

Трамп се залагаше за брз прекин на непријателствата и мирно решавање на проблемот. Путин, од своја страна, ја спомена потребата од решавање на основните причини за конфликтот и се согласи со Трамп дека долгорочно решение може да се постигне преку мировни преговори, пренесоа руските медиуми.

Тие додаваат дека Трамп во последните неколку недели постојано ги истакнувал своите планови да разговара со рускиот претседател и дека американскиот лидер посветил големо внимание на конфликтот во Украина и изразил желба да помогне да се стави крај на истиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП