Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти.
„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, изјави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку пожари избувнале во станбени и нестанбени згради.
Неколку лица се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во областа Оболон, откако ракета погоди деловна зграда, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Двајца од повредените завршиле во болница, но не се знае тежината на повредите.
Предупредувањето за воздушен напад се појави само на самиот почеток на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го открие нападот со радар. Сè уште не е официјално познато кои проектили употребила руската војска во оваа прилика. Прелиминарните извештаи покажуваат дека четири балистички ракети Искандер биле истрелани кон главниот град, пишува Киев Индипендент.
Новинарите на Ројтерс објавија бројни експлозии кои звучеа како украинска противвоздушна одбрана.
Голем пожар зафатил магацин од 600 метри квадратни во областа Холосивски, додека пожар избил на покривот на станбена зграда во областа Соломијански, пишува Киев Индипендент.
Експлозиите биле пријавени околу 4:30 часот по локално време.