Подарувањето не е само чин на дарување, туку и начин да покажеме колку ги познаваме и цениме нашите најблиски. Сепак, изборот на вистинскиот подарок понекогаш знае да биде предизвик – особено кога сакаме да биде уникатен, внимателно избран и да носи порака.
Најдобар пристап при избор на подарок е да размислиме за интересите, потребите и навиките на личноста за којa е наменет. Наместо класични и очекувани подароци, зошто да не подарите нешто што ќе донесе радост и ќе има практична вредност? Трендот на органски и природни производи во последниве години станува сè поприсутен па затоа ваквите подароци се вистинскиот избор.
Така на пример, dm дрогериите може да се најде огромен избор на органски производи кои се идеални за подарок на Денот на вљубените.
Разгледајте го каталогот на dm и пронајдете го совршениот подарок помеѓу низата одлични опции, како што се сетовите за природна нега, органските чаеви или природните додатоци во исхраната. Доколку знаете дека саканата личност е љубител на гастрономијата, тогаш органската храна, растителните масла или пак висококвалитетното темно чоколадо можат да бидат идеален избор за овој Ден на вљубените! А како ќе препознаете дали се работи за органски производ? Едноставно е – сите органски производи од сопствената марка на dm се означени со логото dmBio.
Секогаш добра идеја за Денот на вљубените е романтична вечера. Но, што ако на оваа идеја ѝ дадете мал твист? Наместо вечера надвор во ресторан, можете романтиката да ја донесете во вашата кујна и да подготвите органска храна за саканата личност. Инспирација за јадењето можете да најдете во dmBio книгата со рецепти, која можете да ја добиете на подарок со купување на органска храна во вредност од над 999 денари во dm дрогериите, кој било ден помеѓу 3 и 16 февруари. Задоволството од домашно готвена храна е незаменливо, а во комбинација со чаша вино и добро друштво, може да се претвори во прекрасна вечер која долго ќе се памети.
Изборот на органски производи испраќа силна порака – грижа за здравјето, благосостојбата и животната средина. Овие производи се произведени по најстрогите стандарди за органско производство. Состојките на секој производ се внимателно одбрани сѐ со цел да се зачува квалитетот и оригиналниот вкус. А покрај тоа, dm успева да најде начин за дополнително да ви помогне во изборот, со тоа што ви гарантира дека цените на производите нема да се променат во следните четири месеци. Па така, секој производ означен со #СекогашПоволно гарантирано ќе ја има истата цена денес и на Денот на вљубените. А тоа значи помалку притисок и повеќе време за вас да го одберете вистинскиот подарок, без да се грижите дека во меѓувреме ќе поскапи.
Секој подарок носи посебна вредност кога е избран со љубов и внимание. Без разлика дали станува збор за природен козметички сет, вкусен органски производ или нешто персонализирано, најважно е што со него пренесуваме емоција. Следниот пат кога ќе барате совршен подарок, размислете за нешто што е и убаво, но истовремено и корисно затоа што вистинскиот подарок е оној што носи радост и остава траен впечаток.