Американскиот претседател Доналд Трамп за New York Post изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина.
По многу шпекулации за начинот и датумот на неговата средба и разговори со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека разговарал со Кремљ.
Претпочитам да молчам“, одговори Доналд Трамп на прашањето колку пати разговарал со рускиот претседател.
Коментирајќи ги позициите за војната во Украина меѓу Русија и САД, Трамп истакна дека негов најголем интерес е да се стави крај на човечките трагедии и смртни случаи во таа војна.
„Се надевам дека ќе биде наскоро. Луѓето умираат секој ден. Сакам да ставам крај на оваа проклета работа“, додаде Трамп.
Американските медиуми јавуваат дека Трамп го назначил советникот за национална безбедност Мајк Волц да посредува со руската страна на датумот на средбата.
Трамп, исто така, рече дека има намера да постигне договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во вредност од 500 милиони долари за пристап до ретки минерали и гас во замена за безбедносни гаранции.