Српскиот претседател Александар Вучиќ на митингот во Кикинда потврди дека му пукнала гумата на пат кон селото Мокрин.
Ни пукна гумата кога доаѓавме… За малку ќе беа среќни на многу луѓе“, рекол Вучиќ, пренесува Бета.
Но, како што потврдија за Танјуг од Претседателството, на возилото во кое се движел претседателот на Србија всушност не му пукнала гума, туку напротив испаднало цело тркало.
Станува збор за блиндиран автомобил специјално дизајниран за превоз на службеници, па засега не е јасно како дошло до овој инцидент.
Придружбата на претседателот брзо реагираше, спречувајќи голема несреќа и нема повредени, а истрагата ќе утврди што всушност се случило.
Порталот Кликс пренесува дека снимката ја пренесоа бројни таблоиди, но не и независни медиуми. Исто така, автентичноста на снимката и дали Вучиќ навистина бил во автомобилот се уште не е независно потврдена.
Вучиќ: Ништо посебно
Вучиќ подоцна се огласи, велејќи дека „ништо посебно не се случило“ и дека „нема потреба да се прави голема врева околу тоа“.
„По посетата на Меленци, отидов во Мокрин пред големиот митинг во Кикинда и по пат бев во мојот автомобил. Дали гумата пукна, треба да го утврдат надлежните органи и тие ќе го утврдат тоа“, рече Вучиќ.
„Во 0,1 отсто од случаите користам ротација и моите безбедносни момци се многу дисциплинирани. Знаат дека не можам да издржам, не можам да поднесам луѓе кои инсистираат на ротација бидејќи тоа за мене секогаш е доказ не за нечија моќ, туку за суета“, рече Вучиќ.
Тој објасни, како што јави Танјуг, дека бил во првото возило бидејќи „многу често ја менуваат рутината, или во случајов распоредот на возилата“.