16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ процени неутрално ниво на каматната стапка: Оваа бројка е потребна за...

ЕЦБ процени неутрално ниво на каматната стапка: Оваа бројка е потребна за неограничен економски раст

Во извештајот објавен денеска, економистите на Европската централна банка процениле дека нивото на неутралната каматна стапка, која ниту го попречува ниту стимулира економскиот раст, се движи меѓу 1,75 и 2,25 отсто.

Експертите забележуваат дека ова ниво не е значително променето во последните години, а исто така предупредуваат дека нивните модели содржат многу висок степен на несигурност што не дозволува прецизни пресметки.

Експертите велат дека оваа информација може да биде корисна за носење одлуки за монетарната политика, но само како еден од неколкуте параметри.

Според нивното мислење, нема алтернатива за донесување одлуки врз основа на сеопфатна анализа на податоците и проценка на нивното макроекономско значење.

„Во еврозоната ваквата проценка се врши во три насоки: прогноза на инфлацијата врз основа на дојдовните економски и финансиски податоци, динамика на основната инфлација и ефикасност на преносот на монетарната политика“, велат експертите.

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на 30 јануари одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што стапката на депозитите сега е 2,75 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање 2,90 отсто, а каматната стапка на маргиналниот кредитен капацитет 3,15 отсто.

Инфлацијата во еврозоната во јануари неочекувано порасна на 2,5 отсто, но Европската централна банка верува дека таа постепено ќе падне на посакуваните два отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП