17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска нов бојкот на маркетите, министерот Дурмиши најави нови мерки

Денеска нов бојкот на маркетите, министерот Дурмиши најави нови мерки

Денеска граѓаните повторно ќе ги бојкотираат маркетите. Додека граѓаните се организираа под мотото „Црн петок за маркетите“, министерот за економија Дурмиши најави дека во следните денови ќе каже што ќе преземе Владата.

„Одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и нема да го толерираме. Како ќе постапиме понатаму, ќе ве известам на брифинг. Подготвени сме и ќе ги земеме сите мерки и алатки кои ни се на располагање како Влада за д ги спречиме овие појави“, изјави министерот Дурмиши.

Од друга страна, Стопанската Комора излезе со анализа според која во креирање на цените, односно поскапувањето, главна улога имале добавувачите и производителите, а не трговците, бидејќи супермаркетите работеле со просечна профитна маржа од 0,83%, а производителите и дистрибутерите во просек остварувале 4,32% додека некои добавувачи имале профитни маржи над 13% а супермаркетите под 3%.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите, и очекува преку дијалог производителите, дистрибуитерите, маркетите и потрошувачите да седнат заедно да разговараат и да го надминат сето ова коешто се случува, за да нема ескалации и да нема поголеми последици.

Минатиот петок граѓаните, по примерот на Хрватска успешно ги бојкотираа маркетите, при што во поголемите ланци на маркети прометот беше преполовен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП