25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson го заврши кварталот со загуба

Ericsson го заврши кварталот со загуба

logo-ericsson

Шведскиот производител на мобилни мрежи „Еricsson“, во четвртокот изјави дека четвртиот квартал од минатата година го затворил со загуба, поради големиот еднократен расход, но дека приходите му се зголемиле благодарение на инвестициите во широкопојасните интернет мрежи.

Така „Еricsson“ во последните три месеци од минатата година забележа нето загуба од 6,3 милијарди шведски круни (990 милиони долари). Во истиот квартал минатата година забележа нето добивка од 1,5 милијарди круни.

Аналитичарите очекуваа уште поголема загуба со оглед на најавата на шведската компанија во декември, дека очекува еднократен расход од 8 милијарди круни поврзан со проектот  „ST- Ericsson“ кој забележа загуба, а кој го формираше со швајцарскиот „STMicroelectronics“. Објавата се надоврза на соопштението од швајцарската компанија дека сака да се повлече од заедничкото вложување.

Исто така „Ericsson“ соопшти дека приходите во четвртиот квартал се зголемиле за пет отсто на 66,9 милијарди круни, поттикнати од инвестициите во широкопојасната мрежа во Северна америка и Јапонија.

„Во 2012 година, Северна америка беше наш најсилен пазар благодарение на продолженото инвестирање во мобилната широкопојасна мрежа и побарувачка на услуги“, изјави извршниот директор Ханс Вестберг.

Во текот на годината постепено зајакнуваа и регионите како  југоисточна Азија, Океанија и субсахарска Африка.

Минатата година „Ericsson“ се повлече од заедничките инвестиции со „Sony“ во кругот на мобилната телефонија, поради силната конкуренција на компаниите како „Apple“, „Samsung“ и „Nokia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП