19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗДобри вести за Европјаните: Новиот електричен автомобил на Volkswagen ќе се продава...

Добри вести за Европјаните: Новиот електричен автомобил на Volkswagen ќе се продава за само 20.000 евра!

Германскиот производител на автомобили Volkswagen најави нов модел на мал електричен автомобил погоден за во град кој ќе се продава по пристапна цена од 20.000 евра.

На видеото кое го објави компанијата се гледаат регистарски таблички со ознака ID.One, па се претпоставува дека така ќе се вика новиот модел, иако тоа се уште не е официјално потврдено, пренесува порталот Top Gear.

Дополнителни информации за ова возило ќе бидат презентирани на почетокот на март.

Извршниот директор на Volkswagen Passenger Cars, Томас Шефер, рече дека тоа е „достапен, висококвалитетен, профитабилен електричен Volkswagen од Европа за Европа“, додавајќи дека тоа е „Лига на шампиони за производство на автомобили“.

Како што е соопштено, Volkswagen планира прво да го претстави моделот ID.2 во 2026 година и неговата цена ќе биде околу 25.000 евра, додека уште попристапниот ID.One се очекува на пазарот во 2027 година.

Побарувачката за автомобили во Европската унија моментално бавно расте, додека побарувачката за електрични автомобили дури и се намалува.

Ако ги анализираме податоците за цела 2024 година, ќе заклучиме дека бројот на регистрации на нови автомобили во Европската унија се зголемил за 0,8 отсто на годишно ниво на приближно 10,6 милиони возила, според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) на нејзината веб-страница.

Минатата година во Европската унија се регистрирани 1.447.934 нови електрични возила со батерии, што е за 5,9 отсто помалку отколку во 2023 година, додаваат од организацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП