19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Raiffeisen“ ја бележи првата квартална загуба во последните девет години

„Raiffeisen“ ја бележи првата квартална загуба во последните девет години

„Raiffeisen Bank International AG“ ја објави својата прва квартална нето загуба во последните девет години, откако беше принудена да издвои 840 милиони евра за справување со неповолна судска одлука во Русија.

Банката забележа нето загуба од 926 милиони евра во четвртиот квартал од 2024-та година. Банката направила и трошоци од 156 милиони евра поврзани со судски спор за полски заеми во странска валута.

„Банката постигна задоволителен резултат во 2024-та година и покрај огромните вонредни трошоци. Намалувањето на бизнисот во Русија прави добар напредок“, се вели во соопштението на извршниот директор Јохан Штробл.

„Raiffeisen“ продолжува да се соочува со последиците од своето присуство на рускиот пазар, од кој се обидува да излезе речиси три години. Банката, на која Европската централна банка (ЕЦБ) му нареди да ја затвори својата руска единица, ја заврши својата продажба во Белорусија во ноември.

Во основната дејност, која ги исклучува Русија и Белорусија, добивката на банката се искачи на 128 милиони евра за квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП