17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony продаде над 80 милиони примероци на PlayStation

Sony продаде над 80 милиони примероци на PlayStation

Од излегувањето во сега веќе далечната 2006-та година, „Sony PlayStation 3“ бил испорачан во повеќе од 80 милиони примероци ширум светот. Овој податок го објави компанијата во разговорот со инвеститорите.

Од појавувањето на конзолата за неа биле направени повеќе од 4300 игри, што не ги вклучува игрите дистрибуирани по дигитален пат, а „Sony“ ветува дека сопствениците на старите конзоли и покрај излегувањето на „PlayStation 4“ во следните неколку месеци ќе добијат уште околу 300 наслови.

Според информациите на „Sony“ на „PSN“ може да се пронајдат повеќе од 220.000 различни дигитални содржини, од кои отприлика 72.000 се игри или додатоци за игри.

Долгоочекуваниот „PlayStation 4“ на американскиот пазар би требало да се појави на 15-ти ноември, додека во Европа ќе пристигне 14 дена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП