28 март, 2025
ПочетнаСВЕТАгонија на Санторини: Пренатрупани патишта до главното пристаниште, фериботите преполни, хаотични сцени

Агонија на Санторини: Пренатрупани патишта до главното пристаниште, фериботите преполни, хаотични сцени

Повеќе од 555 земјотреси со јачина до 4,9 степени според Рихтеровата скала (од кои најмалку 200 се над 3) забележа Европскиот и Медитеранскиот сеизмолошки центар во последните пет дена во морската област околу Санторини.

Станува збор за бројка која динамично се менува, бидејќи постојано се случуваат нови земјотреси, што предизвика врв на загриженост кај населението, кое почна масовно да го напушта островот, објави порталот Protothema.gr.

Бидејќи земјотресите предизвикуваат лизгање на земјиштето, пристапот до Амуди и старото пристаниште Фира е забранет, па луѓето масовно го напуштаат Санторини.

Авиокомпаниите, поради протестите поради поскапувањата на билетите, закажаа итни летови, додека траектите работат со полн капацитет за да ги превезат сите што сакаат да го напуштат островот. На социјалните мрежи се појавија и најнови снимки од бројни одрони од карпите околу населбата на работ на калдерата.

Сеизмолошките комитети ќе се состанат во вторник наутро за да разговараат за ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП