18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова рунда преговори за минималецот

Нова рунда преговори за минималецот

Синдикатите, работодавачите и власта денеска на пладне ќе имаат нова средба во рамките на Економско социјалниот совет на која главната тема ќе биде висината на минималната плата која треба да важи од март годинава.

Според очекувањата, претставниците на работниците не отстапуваат од барањата за минималец 450 евра, дел од Стопанските комори понудија иминимална плата од 500 евра, но државата да го покрие зголемувањето на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од тоа што е сега. А пак властите велат нека се договорат двете страни ние се ќе прифатиме, но обврските кон државата мора да се плаќаат од страна на работодавачите. Информациите велат дека ќе падне збор и за платите во јавниот сектор, односно барањето за зголемување на додатокот на плата од 30 отсто.

Аргументите на Сојузот на синдикати на Македонија се дека потребна е минимална плата од најмалку 450 евра за работниците да може да го преживеат месецот. Со секоја сума пониска од оваа примателите на минимална плата живеат недостоинствено. Мораат да бараат дополнителна работа, дополнителни приходи само за да можат да го прехранат семејството. Во најтешка состојба се семејствата кои живеат со една минимална плата од 22 500 денари.

„Сојузот на синдикатите на Македонија е конзистентен во неговите ставови односно во неговите барања кон власта и кон работодавачите односно тие се наши социјални партнери со кои седнуваме на маса договараме преговараме па се разбира доколку не успееме некое заендничко прифатливо решение ние како синдикати имаме и други механизми на располагање“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Работодавачите и натаму сметаат дека потребана е поголема продуктивност на работниците. Нивнииот став е дека не е проблем да се исплати повисок минималец, туку усогласувањето на останатите плати во повисоките сектори во компанијата, за нив во моментов нема пари за толкав раст колкав што бараат синдикатите.

„Не сакаме да се случи одреден број на компании поради линеарното зголемување наместо да ги поттикнат работниците да бидат лојални во компаниите, да ги одјават па тие да работат на црно бидејќи и тоа може да се случи, а за да не бидам конфузен пред се велам нивото на зголемување на минималната плата е опасно кај микро малите и занаетчиите, за останатиот дел од компаниите тие можат да го поднесат“, велат од Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

Власта уште еднаш потенцираше дека се што ќе се направи и договори мора да биде во согласност со правилата. Ќе ги почитува заедничките одлуки на засегнатите страни бидејќи во јавниот сектор има мал број на вработени кои добиваат минимална плата, и за нив ќе биде тоа лесно изводливо. Маката на Владата е како да обезбеди поголеми примања на вработните кои преку штрајкови и протести го изразуваат незадоволството од висината на нивните плати.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП